• Deutsch
  • English
  • Español
  • Français
  • Italiano
  • Magyar
  • Nederlands
  • Norsk
  • Polski
  • Português
  • Română
  • Slovenčina
  • Suomi
  • Svenska
  • Türkçe
  • Čeština
  • Ελληνικά
  • Български
  • Македонски
  • Русский
  • Українська
  • 中文
  • 日本語

Пандемијата со Коронавирус/КОВИД-19 создаде големи предизвици, особено во процесот на негата на најранливите групи на пациенти – како што се болните и предвреме родените бебиња. Со овој прашалник сакаме да ги испитаме искуствата на родителите поврзани со овие предизвици, бидејќи родителите имаат важна улога во негата на нивното бебе, не само дома, туку и во текот на лекувањето во болница.

Затоа Ве замолуваме Вас, како родители на болно или предвреме родено бебе родено во текот на пандемијата со Коронавирус/КОВИД-19 да го пополните овој прашалник. Ве молиме, имајте во предвид дека некое прашање може да Ве вознемири, со оглед на Вашата ситуација и лично искуство. Се разбира, може да прекинете во било кој момент. За да го пополните целосно прашалникот, ќе Ви бидат потребни околу 15 минути.

Етички прашања и користење на информациите: EFCNI ги чува податоците доверливо и според законските норми, во согласност со Општиот правилник за заштита на податоците (GDPR). Ниеден податок кој е поврзан со некоја личност нема да биде зачуван или објавен. Вашите податоци ќе бидат евалуирани анонимно, нема да бидат зачувани или предадени на трети лица и нема да бидат искористени за ниедна друга намена освен погоре наведената. Surveymonkey, алатката која се користи за спроведување на истражувањето, гарантира придржување кон GDPR и Privacy Shield. Според GDPR, Вие имате право на информација, имате право да ги избришете Вашите податоци и може да ја повлечете оваа изјава за согласност во било кое време. Етичкиот комитет на Maastricht UMC+ (Maastricht University Medical Centre+) официјално потврди дека нема потреба од етичко одобрување.

Ова истражување се спроведува од страна на Одделот за научни работи на European Foundation for the Care of Newborn Infants (EFCNI) (www.efcni.org) во соработка со претставници на родителските организации, COINN (Council of International Neonatal Nurses), ESPR (European Society for Paediatric Research), NIDCAP (Newborn Individualized Developmental Care and Assessment Program), и UENPS (Union of European Neonatal & Perinatal Societies).

Ако имате прашања, коментари или забелешки за истражувањето, Ве молиме да не контактирате на: research@efcni.org

Ви благодариме за учеството и поддршката!

European Foundation for the Care of Newborn Infants (EFCNI)
Global Alliance for Newborn Care (GLANCE)

Question Title

* 1. Потврдувам дека ги прочитав и ги разбрав информациите наведени погоре и се согласувам да бидат користени моите де-идентификувани податоци.

0 одговорени од 53 прашања
 

T